| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева: Да не си ја префрламе сега вината еден на друг

До минатиот четврток кога Груевски беше присутен во земјава, не оддаваше настапи дека нема да се јави на суд и зошто би побарале да биде ставен во притвор, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во интервју за 1ТВ.

Кога некои луѓе не можеа да му го споменат името, ние како СЈО побаравме мерка притвор, рече Јанева.

-Се однесуваше како слободен граѓанин, одеше на работа како пратеник, се јавуваше на сите рочишта. Сметавме дека нема потреба во овој момент да побараме построга мерка за обезбeдување. Да не си ја префрламе вината сега еден на друг, вели Јанева.

Таа очекува Груевски да биде екстрадиран во земјава.

Јанева вели дека „Тенк” прв се пресуди и не беше избор на СЈО, но очекувано било бидејќи е полесен предмет и за него прво да се добие пресуда.

Во сите случаи СЈО поседува доволен број на докази за сите предмети на СЈО, посочи обвинителката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top