| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирање среде бел ден во Скопје: Го грабнале на Железничка, го тепале кај Марков манастир

Вчера попладне околу 17.30 часот во Полициска станица Центар, М.И. (33) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 14 часот пред железничката станица во Скопје, З.Џ., го внел во патничко моторно возило “Фолксфаген пасат” и заедно со З.И., се упатиле кон Марков манастир.

Притоа, З.Џ. и З.И., поради паричен долг на М.И. кон З.Џ., му упатувале закани, а во близина на Марков манастир, З.Џ., физички го нападнал М.И..

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top