Комитетот за интеграција на Република Македонија во НАТО на денешниот состанок ја финализираше програмата за продолжување на реформите чија цел е земјата да стане што поскоро членка на Алијансата. Програмата треба да биде усвоена од Владата, а на 6 декември ќе биде презентирана на ниво на НАТО 29+1.
Како што изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска целата програма е резултат на завршените пристапни преговори со НАТО и во неа се вградени забелешките кои беа дадени во целиот овој процес и предвидува реформи во клучните области дома во однос на владеење на право, човекови права, борба против корупција и криминал и ги зема предвид сите воени реформи кои ги усогласувавме со претставниците на НАТО, како и сите други детали што ќе ја прилагодат Македонија и правно и финансиски и во поглед на внатрешните регулативи за да се носи со обврските што произлегуваат од членството во НАТО.
-Очекуваме на тој состанок да се потврди дека станува збор за сериозен, реален и возможен документ што не зборува за реформи во далечно идно време, туку зборува за конкретни обврски што Македонија покажа дека знае да ги исполни. Со тоа ги отвораме шансите на почетокот на следната година, значи во првото тримесечје во 2019 да имаме заокружен протокол за пристапување во НАТО. Од тој момент Македонија ќе функционира како члнека на НАТО Алијансата без шанса да гласа, но со целосно право да учествува во дебатите, во дискусиите, во процесот на носење на одлуки, рече Шекеринска.
За тоа кои чекори во делот на домашните реформи ќе ги завршиме во овој период од неколку месеци, таа додаде дека постои целосно поклопување со оние од Планот 18, бидејќи целиот тој пакет на судски реформи неопходен ни е за членство во ЕУ, но и за членство во НАТО. Дополнителен различен дел се прилагодувањата што треба да се случат на воен и на планот на одбранбените реформи.
-Главната задача ние ја завршивме во текот на претходните 12 месеци кога го работевме Стратешкиот одбранбен преглед и заедно со НАТО претставниците ние веќе знаевме точно што се очекува од Македонија-трансформација на Армијата на Република Македонија што веќе почна, меѓутоа и изградба на нови капацитети, а во исто време измена на законите што на Македонија ќе и овозможат учество во заеднички операции на НАТО и нашето одбранбено планирање да оди по истите принципи и политики како и планирањето на земјите членки на НАТО, појасни Шекеринска.
Таа рече дека по презентацијата на програмата на 6 декември, очекува целата програма со сите детали да биде финализирана до крајот од јануари и потоа министерот за надворешни работи со писмо до генералниот секретар да ја испрати таа програма како финална програма за продолжување на нашите реформи.
-Не очекувам дополнителни прашања, не очекувам дополнителни проблеми. Уставните измени очекуваме да завршат во истиот период и затоа сметам дека сите се согласни дека веќе во февруари ќе можеме да имаме протокол за пристапување подготвен од страна на НАТО, истакна министерката за одбрана.
Одговарајќи на новинарско прашање, за возилото на воената полиција што било забележено пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, шекеринска кажа дека случајно се нашло таму, а причина била посетата на генерал од земја членка на НАТО, кој бил сместен во хотел непосредно до седиштето на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст