Обвинителен предлог за сторено кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајка како и тешко дело против безбедноста на луѓето, денеска поднесе Основното јавно обвинителство Велес.
Осомничениот прегазил лице кое било во алкохолизирана состојба легнато на коловозот на регионалниот пат Велес-Градско, кое потоа починало од повредата.
Како што соопшти ОЈО, осомничениот, на 5 март 2018 година, управувал патнички автомобил марка „фолксваген шаран“ со неприспособена брзина на условите на патот. Во услови на дождливо време и влажен коловоз, а при стемнување, осомничениот не ја намалил брзината на движење на возилото, при што нејасно забележал дека на коловозот во лежечка положба се наоѓа едно лице во алкохолизирана состојба.
- Осомничениот започнал дејствие на заобиколување, но тоа го направил во недоволен лак и налетал на телото на оштетениот, нанесувајќи му тешки повреди. По настанот, осомничениот го оставил повреденото лице без помош и заминал во правец кон Гевгелија. Нанесените повреди кај оштетениот довеле до загуба на крв и нарушување на работата на витално важни органи, што резултирало со смртен исход, се наведува во соопштението на ОЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст