– Политичкиот прогон во Република Македонија од ден за ден завзема се поголеми размери. Полициската хајка која се одвиваше во текот на вчерашната вечер наликува на се’ освен на една демократска држава, реагираат од граѓанската инцијатива Правда за Никола Груевски.
– Иницијативата Правда за Никола Груевски е згрозена од она што се случуваше вчеравечер пред очите на целата македонска јавност. Претресувањето на возила и упадот во партиското седиште на опозицијата како и претресувањето на првите луѓе на опозицијата говорат единствено за тоа дека политичкиот прогон ја живее својата кулминација. Ги повикуваме преставниците на меѓународната заедница да не бидат неми сведоци на кршењето на Законите и злоупотребата на власта. Македонија стана полициска држава во која владее силата контролирана од еден центар на моќ. Го повикуваме претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да стави крај на политичкиот прогон и да не дозволи кршењето на Законите во нашата држава да продолжи, додаваат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст