Kанал 103 својот 27. роденден ќе го прослави со музички фестивал „103 генерации“ на 24 ноември во Младинскиот културен центар. Станува збор за целовечерен настан на два стејџа со четири квалитетни бендови и артисти од Велика Британија, Шведска, Албанија и Македонија, сите со актуелни албумски изданија во 2018 година. Фоајето на кино Фросина ќе биде резервирано за традиционалниот настап на диџеите на „Стотројка“.
На главната сцена ќе настапат, Британците „Д Осцилејшн“ (The Oscillation) кои повеќе се процес одошто бенд или можеби најточно, збир од сонични излети на извонредниот музички ум на Демиан Кастеланос. Формирани се во Лондон во 206 година, а досега имаат издадено шест албуми. Нивниот звук се опишува како модерна спејс рок психоделија.
Потоа, настапува „Д Филд“ (The Field) кој е всушност псевдоним на шведскиот електронски музчар Аксел Вилнер, кој живее и работи во Берлин. Тој за првпат доаѓа во Скопје и ќе настапи како дел од неговата европска промотивна турнеја во големите градови.
Од Албанија ни доаѓа дуото Франц Курти и Дина Хајрулаху кои настапуваат под името „И тпаме и твраме“. Постојат само две и пол години, а во јуни веќе го издадоа третиот по ред албум „Ikin Vijnë LP“ со кој им се отворија вратите за успех и надвор од матичните граници.
Од Канал 103, за нив велат дека, негуваат дистописки мрачен, но современ електронски звук во кој суптилно се испреплетуваат синтовски и гитарски текстури врз кои одлично „вози“ етеричниот вокал на Дина Хајрулаху.
Четвртиот состав е од домашната сцена. Станува збор за „Сусијат“, четворката која од 2014 година ја сочинуваат Деан Змејкоски, Тодор Караколев, Лазар Дарковски и Никола Дрвошанов. Досега ги имаат издадено
„Safety in Numbness“ за Шарла, потоа сплит-изанието со „Portron Portron Lopez“ со кои беа на концертна турнеа низ Франција и овој месец го издадоа албумот „ZAD“. Последниот албум е драстичен стилски исчекор од рпетходно, а насловот е инспириран од една француска анархо комуна која се бори за својот опстанок. Нивниот настап воедно ќе биде и албумска промоција.
Вториот стејџ во фоајето на кино Фросина, ќе го бранат диџеите Виолета Качакова, Илина Ангеловска, Ивана Драгшиќ и Мирко Попов.
Билетите по цена од 350 денари се веќе достапни во Југотон Рекордс, МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс. На денот на настанот ќе чинат 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст