| четврток, 6 декември 2018 |

Обука за полесно вработување

studentiНајмалку 300 млади ќе се обучуваат со разни активности и волонтирање со цел да се едуцираат за полесно вработување. Ова ќе биде дел од проектот добиен од Центарот за институционален развој – ЦИР кој ги администрира грантовите од Швајцарската агенција за развој, а ќе го реализира Скопскиот плански регион во соработка со НВО „Млади инфо фејс – МК“. Тие вчера потпишаа меморандум за соработка, пишува „Утрински весник“.

„Со промотивните кампањи, како дел од проектот целна група се околу 5.000 млади луѓе кои преку средства за масовна комуникација ќе добијат информации за се’ што ќе се спроведува. Наскоро ќе биде објавен повик на кој младите ќе треба да се пријават“, истакна вчера Антоанета Иванова од НВО „Млади инфо“. Информираше дека висината на грантот е 3 милиони денари, а проектот ќе се реализира од наредниот месец, па до крајот на годинава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top