| четврток, 6 декември 2018 |

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опсада

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одржа прес-конференција пред партиското седиште, на која истсакна дека тоа што се случува вечерва во партиското седиште во најмала рака е удар на демократијата, дно.

-ВМРО-ДПМНЕ е под полициска опасада. Членовите на партијата се претресуваат и се вознемируваат од страна на полициски службеници. Никогаш, ама никогаш во историјата на независна Македонија немало примена на ваква сила врз партија во опозиција. Ова е класична злоупотреба на полицијата во партиско-полициски цели. Ова е хајка и линч врз сите кои мислат поинаку. Режисерите на ова сценарио сакаат да ги заплашат сите кои мислат поинаку и се противат на капитулантската антимакедонска политика на аболицираниот Заев. Во ваквиот прогон Заев ги злоупотребува и медиумите. Она што вечерва го прават неговите орди, не е помирување, туку дополнително зовривање на политичката криза. Овој притисок е удар врз опозицијата и тој нема да помине туку така. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и демократски средства за да застане на патот на злоупотрбата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви токму на неспособноста на Заев. Година и половина ја уништуваат сопствената држава, а сето тоа го прикирваат со политички прогон, кој кулминирапе вечерва и според нашите информации нема да престане. Ако мислите дека ќе не заплаште, се лажњте. Ќе дојде денот кога ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио, но и оние кои го нарачаа ова и го реализираа по наредба на Заев.

Вонредна прес-конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев (ВО ЖИВО)

Доколку полицијата поседува налог и навистина се соменва дека Никола Груевски е во штабот, може слободно да дојде со нас и да провери. Ова е полицски прогон, ништо повеќе, ништо помалку, рече Јанушев, кој доцнеше на закажаната прес-конференција бидејќи полицијатаа го претресуваше и неговиот автомобил.

Изживување – И возилото во кое било Јанушев претресено од полицијата (видео)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top