„Полицијата не го најде Груевски дома“, „Како течеше акцијата на Алфите за приведување на Груевски“, „Груевски се крие во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или избегал од државата?“- Ова се дел од насловите на медиумите на хунтата кои помпезно со камери го имаат „запоседнато“ влезот во зградата на екс премиерот Никола Груевски и вршеа директен пренос од акцијата на МВР, како и од седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ каде полицијата се упати вечерва.
Оттука се наметнува прашањето од каде медиумите знаеја точно во колку часот ќе биде спроведена акцијата на МВР и дали извори од МВР ги брифираат? Всушност, се наметнува одговорот, а не прашањето и тој е јасен – МВР има улога во ова. Оттука, јасно е и зошто МВР не презема никакви мерки да биде заштитена приватноста на екс премиерот Никола Груевски како и на неговото семејство.
Патем, Специјалното јавно обвинителство дури и отвори случај со кодно име „Тортура“ за снимките од апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски. Тогаш СЈО покрена истрага против седум лица поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на Љубе Бошковски во 2011 година:
„Во овој случај сите инволвирани биле заинтересирани целата јавност да ја види тортурата врз политичарот Љубе Бошкоски. Се работи за нечовечко постапување при лишувањето од слобода на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски“, изјави на прес-конференција обвинителката Фатиме Фетаи.
Специјалната обвинителка Катица Јанева на истата прес конференција рече дека „една од нашите обврски претпоставува изградба на систем во кој се обезбедени сите предуслови кои овозможуваат висок степен на одговорност од страна на државните институции во насока на остварување на нивната обврска за почитување, заштита и развој на човековите права.“ „Во оваа прилика неопходно е да ги споменам големата повелба за правата како и Универзалната декларација за човекови права како фундаментални постулати на кој се темели донесувањето и на други документи со кои се штитат човековите слободи и права, а со кои акти е гарантирано и едно од основните права на човекот и граѓанинот, а тоа е „правото на лична слобода на човекот и апсолутната забрана таа да му се одземе“ освен во случаи предвидени со закон и во пропишана постапка.“, рече Јанева.
Сега, ништо од ова не важи. Важи само желбата на хунтата да се задоволат ниските страсти на нивните поддржувачи кои во отсуство на резултати од владеењето, мора да се занимаваат со конструираната несреќа на другото. Бедотија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Притворен Сашо Мијалков по барање на СЈО
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кривичниот совет ги одби жалбите и го потврди притворот за случајот „Империја“