Новинарски екипи го бараат Никола Груевски заедно со полицијата. Се пренесува во живо обидот на полицијата да го најде дома. Медиумите на лице место заедно со полицијата со камери го имаат „запоседнато“ влезот во зградата на екс премиерот и вршеа директен пренос од акцијата на МВР.
Провладините медиуми, кои вршат пренос, одат со информација дека полицајци, а со нив и новинарски екипи, првин го побарале Груевски на адресата од лична карта, но никој не им ја отвори вратата од станот. Од кога новинарите се дел од полициските екипи?!
Од каде медиумите знаеја точно во колку саат ќе биде спроведена акцијата на МВР и дали извори од МВР ги брифираат. И тоа не сите медиуми. Во полициската акција се вклучени одбрани провладини медиуми кои го следат политички прогон врз Груевски во живо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст