Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, лекови за човечка употреба, додатоци на исхраната, козметички средства, средства за лична хигиена, делови од систем за наводнување, цигари и фалсификати.
Задржана е следната стока:
Девизи
– 12.900 евра и 13.000 швајцарски франци, откриени во два одвоени случаи на Интернационалниот Аеродром Скопје, при личен претрес на двајца косовски државјани и една македонска државјанка.
Во првиот случај, по интервенција на аеродромската служба за безбедност, патничка и нејзиниот син, косовски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Цирих, биле вратени на царинска контрола. Притоа, во плик сокриен во страничниот дел од градникот на патничката, биле пронајдени 36.000 швајцарски франци и 3.000 евра, за кои не поседувала документ за потекло или потврда за внесени парични средства во Република Македонија, издадена од царинските органи. Согласно законските прописи, на патниците им биле вратени по 11.500 швајцарски франци, противвредност на 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.000 швајцарски франци и 3.000 евра биле привремено задржани.
Во вториот случај, при личен претрес на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Меминген, во плик пронајден во нејзината рачна ташна, биле откриени 11.900 евра, за кои не поседувала документ за потекло. Согласно законските прописи, на патничката и биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 9.900 евра биле привремено задржани.
Во двата случаи, за сторените прекршоци, против патничките ќе бидат поведени прекршочни постапки.
Лекови, суплементи и козметички средтва
– 3.580 таблети (Galvus Met, Viread, Brilinta, Xarelto, Effient и Casodex), 300 пенкала за инјектирање инсулин (Novo Mix Flexpen и Novo Rapid Flexpen), 20 Dermovate креми од 50 грами, 60 капсули Emend, 400 ампули (Venofer, Progestan и Menopur) и 6 сетови Gonal 450 IU, откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Лековите, пронајдени во прегради од надворешната страна на кабината на камионот, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена кривична пријава.
– 4.800 капсули од разни додатоци на исхраната, 475 милилитри разни сирупи, околу 6 литри разни козметички средства и средства за лична хигиена (креми, паста за заби, шампони и гелови за бањање), 2,7 литри средство за чистење, 820 грама прав за дијабетичари и прав за лимфни жлезди и 8 кутии со вкупно 250 грама разни чаеви, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавените производи, пронајдени во три патни торби и една картонска кутија, сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Систем за наводнување
– 257 делови од електронски систем за наводнување (прскалки, вентили, тајмери, сензори и друго), откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Ранковце – Крива Паланка, во близина на бензинската станица Виена Петрол. Непријавените производи, за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Цигари
– 13 штеки цигари RODEO и ROTHMANS, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени дел под пластиката кај менувачот и дел во торба сместена во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 9 штеки цигари WEST со косовски акцизни маркички, откриени при контрола на косовски автомобил, со кој за влез во државата на граничниот премин Блаце, се пријавиле двајца косовски државјани. Непријавените цигари, пронајдени во патни торби сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против сопатникот во возилото, кој се пријавил како сопственик на цигарите, ќе биде поведена прекршочна постапка.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 50 приврзоци за клучеви за автомобили со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на брза пратка од испраќач од Хонг Конг, наменета за физичко лице од Кичево, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Аеродром Скопје – отсек за стоково царинење. Поради сомневање дека производите повредуваат права од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст