ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш, веднаш уште денес или уште утре да престанат со нивниот проект за стигматизирање на цели категории на граѓани, а кој што се однесува на налепниците на возилата поврзани со издувните гасови, истакна Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Ѓорчев посочи дека во моментов онака како што Заев, Шилегов и Макрадули замислиле многу мал број на возила односно само возилата на оние кои што можат тоа да си го дозволат ќе бидат обележани со зелена налепница.
-Оваа нивна мерка е директно насочена против средната класа во Република Македонија и против сиромашните. Затоа што нивните возила нема да можат да бидат забележани со зелена налепница. Тие луѓе со месеци, и со месеци нема да можат да ги користат нивните возила, нема да можат слободно да се движат и ќе имаат реални конкретни, практични проблеми во нивното дневно функционирање. И тие и нивните семејства. Значи уште еднаш со ваквото решение на Зоран Заев, Петре Шилегов и Јани Макрадули ќе изгубат илјадници, и илјадници дури и стотици илјади граѓани на Република Македонија. А, проблемот со загадениот воздух нема да биде решен. Имаме ситуација во која што лицемерите од власта на СДСМ пред само една година маршираа по скопските улици со заштитни маски велејќи дека се што треба да се направи е само да се смени Коце Трајановски како градоначалник. А, дека утредента нивната власт, нивната влада, нивните градоначалници ќе донесат чист воздух, нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорчев додаде дека сега тие не нудат никакви решенија, туку нудат гетуизирање и стигматизирање на средната класа во Македонија и на сиромашните во Македонија кои што не можат да си дозволат онакви возила какви што замислиле Шилегов, Заев и Макрадули дека тие требаат да возат.
-Тоа ќе биде шиканирање уште еднаш ќе речам на целите категории граѓани, стотици илјади луѓе нема да можат да појдат на работа, нема да можат да појдат на доктор, нема да можат да појде да си ги видат луѓето, пријателите, роднините, мајките и татковците туку напротив ќе мора и ќе бидат упатени да го користат алтернативниот транспорт кој што не може да го издржи оптеретувањето со кое што тогаш ќе се соочи. Значи многу мал број на возила ќе може да имаат зелената налепница која што сакаат да им ја доделат Шилегов, Макрадули и Заев. Значи уште еднаш оваа мерка е лоша, оваа мерка е штетна, оваа мерка не го решава проблемот на граѓаните затоа што најголемиот дел од загадувањето доаѓа со затоплувањето и едноставно ќе предизвика бројни и бројни секојдневни проблеми за стотици илјади граѓани. Ако треба ова да го сумирам во 30-тина секунди на оваа прес конференција онака како што веројатно може и народот адекватно да се пренесе би било следно: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов веднаш да прекинат со нивниот проект за стигматизирање, гетуизирање и ограничување на движењето на средната класа и на сиромашните луѓе во Република Македонија, затоа што нивниот проект за лепење на налепници на возила е буквално скандалозен, нагласи Ѓорчев на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст