Здружението на граѓани, Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење ,,Преродба“ кое минатата недела огранизираше протести пред Собранието поради кои беше блокиран сообраќајот во центарот на Скопје, најави дека од денеска продолжуваат со протести од 16 до 20 часот.
Во известувањето до медиумите од „Преродба“ велат дека по најавениот протест на „Бојкотирам уставни промени“ за 18 ноември полицијата со полициски кордон ги спречувала да ја блокираат крстосницата пред Собранието и Градска болница.
„Првиот ден, кога беше поставен кордонот, со образложение дека ,,треба да минува некоја делегација“, а во петокот со образложение дека тоа е поради Градската болница, дека со тоа ги штитат болните во Градската болница.
Здружението на граѓани, Граѓанска иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење ‘Преродба‘ ја поздравува грижата на полицијата за болните во болницата и како здружение со високо развиена свест и совесност за здраво живеење ќе продолжи да ја блокира раскрсницата, секој работен ден од 16.00-20.00 часот. Барем неколку часови во денот болните и вработените во болницата да бидат во мир и поздрава животна средина“, пишува во известувањето.
Оттаму ги повикуваат, како што велат, сите „совесни и одговорни суверени и граѓани на Република Македонија, медиумите и целата македонска јавност да ги поддржат блокадите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст