| четврток, 6 декември 2018 |

Петарда ѝ пукнала на градите на Милица Тодоровиќ

Популарната пејачка Милица Тодоровиќ признава дека има фобија од пиротехника затоа што неколку пати имала непријатни искуства.

-На еден настап со Ѕвездите на Гранд во Црна Гора немаше ограда меѓу публиката и бината. Обожавателите почнаа да фрлаат петарди. Една ми пукна на градите, а друга на ногата, па цела вечер чувствував трпки. Доживеав страшен шок, цела вечер ми беше многу лошо, раскажа пејачката.

На една прослава имаше голем огномет, кој заврши на мојата глава. Ова ја прелеа чашата и пттопгаш бегам од секакви прскалки. Едноставно, добив фобија од пиротехника. Не можам постојано да се потресувам и да бегам како да сум луда, но што да правам, работата ми е таква, призна Милица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top