Поради уличен дефект денеска ќе има прекин во водоснабдувањето во скопските населби Чаир и населбата Кисела Вода, информираат од ЈП Водовод и канализација.
Денеска поради уличен дефект на затворач од Ф-80мм на улицата Kемал Сејфула до маркет Чаир поради што прекинато водоснабдување ќе има до улицата Кемал Сејфула на потег од раскрсницата со Павле Илиќ до раскрсницата со Крсте Арсенов. Прекинот со водоснабдување ќе биде од 12.15 часот до завршување на дефектот.
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека денес поради уличен дефект од ф-80мм на улицата Востаничка 112, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците Востаничка и Баница.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:00 часот до завршување на работите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст