| четврток, 6 декември 2018 |

Продадена легендарната јакна на Мајкл Џексон

Црната јакна на Мајкл Џексон, од неговата прва самостојна концерта турнеја „Bad“, на аукција во Њујорк е продадена по трипати повисока цена од очекуваната – 298.000 долари.

Во прашање е јакната што Џексон ја носеше на турнејата од 1987 до 1989 година, а чија вредност е уште поголема ако се има предвид дека кралот на поп музиката ја потпиша на задниот дел со сребрен маркер.

После црвено-црната јакна од спотот „Трилер“ што во 2011 година беше продадена за 1,8 милиони долари, јакната од „Bad“ е една од најлегендарните парчиња облека од покојниот музичар.

Јакната ја продаде тексашкиот бизнисмен и филантроп Милтон Верет, заедно со околу 100 други предмети од својата колекција на рокенрол предмети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top