| четврток, 6 декември 2018 |

Власта се изживува врз Груевски за да го одвлече вниманието од други теми

Јас сум човек кој верува во Бога и знам дека сега се чуствуваат силни, можеби туѓото страдање ги чини задоволни, но треба да знаат дека тоа што оставаат зад себе, ќе дојде ден кога ќе го најдат пред себе

Груевски е тема со која власта ѝ го одвлекува вниманието на јавноста од други теми, убеден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во интерву за порталот Курир Мицкоски тврди дека случајот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е политички монтиран, „затоа што човекот е невин, и одговара за случај каде нема финансиска штета, а доброто, автомобилот го користи Владата“.

– Па нели велеа ќе го продале, ќе ги искористеле парите, арно ама гледам некако им користи. И јас не можам да одобрам политичка хајка испорачана од заробеното „Кацарска судство“. Погледнете каква хајка се случува во последниве неколку дена, колку оркестирирани од власта нарачки излегуваат во дел од медиумите, невистини шпекулации, нечовечко ликување кое треба да го потхрани егото на неколкумина од власта, жедни за спектакли кои треба да ги покријат останатите прашања. Па ќе нарачаат текстови за тоа како го виделе автомобилот на Груевски пред Шутка, па тргнал или не тргнал, па започнаа да вмешуваат делови од приватниот живот, едноставно тоа се претвори во тема со која се изживува власта за да се покрие нивната неспособност на сите други теми и области, вели Мицкоски.

Во Македонија мора еднаш да започне да функционира правото и правната држава и ние ќе се избориме за тоа. Ќе го ослободиме судството, ќе обезбедиме граѓанинот да се чуствува сигурен и заштитен, а за сите неправди, кршења на законот ќе има санкции, заклучува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top