| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се прозападни, работата е што Заев е за Северна Македонија, јас за Република Македонија

На обвинувањата на СДСМ дека со своите политики Мицкоски оди кон истокот, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговара со изнесување на својот добро познат став – дека стратешки интерес негов и на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ.

-Измислиците околу онаа смешна кованица антизападен треба да им го покрие срамот со продажбата на името и она што го прават во Македонија. Јас и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сме прозападно ориентирани и целта не ми е да навлегувам кој суштински ги практицира европските вредности, тоа е тема за друга анализа, но она што сакам да го потенцирам е дека ние се разликуваме што Заев е за Северна Македонија со сменет идентитет и одземено достоинство, а јас сум за Република Македонија со зачуван идентитет и достоинство.

Мицкоски вели дека нападите против него треба да се „димна завеса“, од која нема да се види вистинската слика.

-Погледнете додека тие лажат дека сум бил антизападен, да ме престават изолира и слично, тие го продаваат името, ама тоа му доаѓа како она во рекламите, купите два сока, третиот доаѓа гратис. Па не само што го продаваат името, идентитетот, па и одлуките на АНСОМ ги бришат, а го воведуваат рамовниот договор. Тука не е прашањето дали јас сум антизападен или не, јас Русија само на карта сум ја видел, прашањето е што Заев го продава името на шверцерски начин, вели Мицкоски во интерву за порталот Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top