| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ќе зголемуваат даноци за народот за да продолжат да крадат, тоа не смее да се дозволи

Не исклучувам и протесни маршови доколку оцениме дека тоа ќе помогне да не се донесе, а она што можам да го ветам е дека на прва седница откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните ќе ги укинам повисоките даноци

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не само што не смета дека најавената даночна реформа, воведувањето на прогресивниот данок, финансиски ќе ја зацврсти државата, туку дека тоа воопшто не е реформа, ами крадење од народот.

Во интервју за порталот Курир Мицкоски вели дека со најавената реформа власта ќе бркне во џебот на граѓанинот за да стави повеќе во државната каса, без пртитоа да произведе додадена вредност поради која ќе го оправда зголемувањето на даноците.

-Се сеќавам кога беше владата на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше идеја за оданочување на хонорарите, и тогаш се наиде на силен отпор на уметници, режисери, оние кои произведуваат интелектуален труд и така заработуваат за семејствата. Ние од таа идеја се откажавме. Сега не само што владата планира оданочување на хонорарите, туку и кириите, банкарските депозити, платите.

Мицкоски потенцира дека има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните.

-Повисоките даноци нема да ги зголемат приходите туку ќе го отповарат стопанството, ќе има можно зголемување на цени, а воедно се праќа негативна порака и до стопанствениците и инвеститорите. Ова ли е животот кој го ветуваа. Нема 500 евра плата ама има повисоки даноци, животот станува прескап. Владата не создава вредност во општеството, нема капитални инвестиции.

Земаат пари од граѓаните за да се луксузираат, вели Мицкоски. Тој потсетува дека СДСМ ветуваше дека ќе ги врати парите кај граѓаните.

-Сега што гледаме, гледаме дека наместо да даваат земаат од граѓаните, земаат од бензините, земаат од цените кои растат заради растот на бензините, земаат од платите, земаат од даноците, а што прават и за што земаат, земаат за да трошат за цвеќиња, за нови џипови во кои се возат, за тендери, за роднини… Ова е грабеж, нема друг збор.

Освен што е контрапродуктивна, оваа политика со даноците е неука, смета Мцкоски.

-Ако еден ИТ инжинер, или уметник, или автор, или советник од 25, 35 години има плата од 1500 евра, а живее под кирија, богат ли е тој? А ако некој како господата од Владата, премиерот, потпретседателите, министри земаат 1500 евра и имаат 4 или 5 стана, Масерати, викендици, и што ли уште не тие не биле богати? Едноставно со оваа мерка на Владата ќе се развие сивата економија и дополнително млади ќе си заминуваат од земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top