| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на автомобилската трка на Водно – Гледач заврши со скршени нозе

По повод ослободувањето на Градот Скопје, викендов беа организирани трки на Водно, но настанот падна во сенка поради инцидентот кој се случи на почетокот од натпреварувањето. Имено, уште на самиот старт, при првата кривина, натпреварувач со „застава југо” удри во еден посетител.

Според првичните информации повредениот се здобил со скршеници на двете нозе поради што трката била прекината, а повредениот со Итна помош веднаш бил пренесен до болница.

Според раскажувањата на очевидци, повредениот гледач се движел непрописно во забранетата зона за пешаци, поради што на еден од свиоците кој бил без доволна прегледност бил удрен.

По неколкучасовен прекин трките биле продолжени, но било одлучено да се извози само првата рунда поради раното стемнување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top