| четврток, 6 декември 2018 |

Утре на „Синедејс“ ќе биде прикажан краткометражниот македонски филм „Малина“

Kраткометражниот македонски филм „Малина“ ќе биде прикажан утре во 21 часот (вторник) во рамките на фестивалот „Синедејс“.

Филмот „Малина“ е дебитантско остварување на Анастасија Лазарова Пилинг, а во продукција на Никола Мадиќ односно „Монолит филм“.

Филмот обработува универзална тема за две тинејџерки и се случува во две деноноќија. Авторскиот приод на младата режисерка наметнува свежина во изразот со современа приказна за адолесцентите кои се во потрага по својот личен идентитет. Соочувањето со љубовта и пријателството воедно пробувајќи да се изборат со стигмите, се фокусот на авторката на „Малина“. Филмот е сниман три дена на препознатливи скопски локации како Музејот на современа уметност, скопскиот клуб „Станица 26“.

Главните улоги ги играат Сара Климоска и Ивана Павлаковиќ а во останатите се појавуваат Стефан Спасов, Бојан Кирковски и Амернис Јовановска-Нокшиќи. Кинематографер е Наум Доксески, сценографијата и костимите на Илина Ангеловска, а монтажата на Владимир Павловски. Зад музиката е потпишан Дамјан Лазаров. „Малина“ премиерно беше прикажан на последното издание на фестивалот „Браќа Манаки“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top