| четврток, 6 декември 2018 |

И власта и опозицијата виновни за 24 декември?

sobranie guzva2

Извештајот за настаните од 24 декември, експертската комисија на својата седница в петок треба да го финализира, јави „24 Вести“, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на телевизијата, претседателот на Комисијата, Борче Давитковски, подготвил 11 препораки и три заклучоци за случувањата поврзани со инцидентите во Собранието на седницата кога се носеше буџетот за 2013 година, со кои одговорноста е поделена. Кај власта, одговорноста е посочена за исфрлањето на пратениците и новинарите, а кај опозицијата за блокирањето на работата на Собранието.

„Сепак, овој предлог засега нема мнозинска поддршка во Комисијата, па таа веќе третпат ја одлага својата последна седница. Доколку до петок не ја обезбеди, Давитковски размислува да поднесе оставка од функцијата“, јавува „24 Вести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top