| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на Сан Сиро, Игуаин полуде откако доби црвен картон (видео)

Во големото дерби против Милан на „Сан Сиро“ Јувентус вечерва успеа да дојде до важна победа од 2-0, но триумфот остана во сенка во последните минути од натпреварот. Поради грубата игра на Гонзало Игуаин судијата му додели жолт картон, а поради жестокиот протест, веднаш уште еден и автоматски црвен, по што Аргентинецот збесна и сакаше да се пресмета со сите на теренот.

Никој од фудбалерите не можеше да го спречи речиси цела минута, но на крајот сепак страстите кај Аргентинецот спласнаа, па Игуаин го напушти теренот.

Претходно, во 41 минута Игуаин не успеа да реализира пенал за домашните. Вечерва головите ги постигнаа Марио Манџукиќ во 8 минута и Кристијано Роналдо во 81 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top