| четврток, 6 декември 2018 |

Жителите на Кисела Вода се судрија со претставник од Општината: Од 1 декември нема да дозволиме зависници

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и третман на зависности од дроги, пренесува „Макфакс“. Разочарани и револтирани од досегашните празни ветувања на градоначалниците и на министрите тие размислуваат по истекот на рокот, доколку не се преземат мерки, да почнат да блокираат улици и институции со цел надлежните да ги чујат. Вечерва се собраа пред Центарот за зависници за да ги договорат следните чекори. Велат дека ова е прв ваков собир откако постои проблемот.

„Животот околу болницата станува неподнослив. Децата со страв ги пуштаме на школо. Последниве месеци четири деца се повредија со употребени игли оти се расфрлани насекаде. Немам ништо против нив, тие се лечат и треба да се лечат, но на друго место. Овде веќе нема куќа што не опљачкана, нема двор во кој што не влегле. Шприцеви си наоѓаме по подрумите и гаражите, не можеме мирно да спиеме. Пред очи на нашите деца среде бел ден на улица се соблекуваат по гаќи и се боцкаат во бутовите, а ние сме немоќни да направиме било што“, се пожалија жителите околу болницата.

Погледнете го целото видео на „Макфакс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top