| четврток, 6 декември 2018 |

Селото што живее од нешто многу несекојдневно

Во селото Ле Перт, во Франција, кое се наоѓа близу шпанската граница, живеат околу 586 жители.

Жителите од ова село, профитираа само затоа што селото се наоѓа на границата со Шпанија и тоа од паркинг.

Имено, оние кои сакаат да одат во Шпанија, ги паркираат автомобилите во селото, и пешки ја поминуваат границата, од каде купуваат поевтини производи.

Последните статистики покажаа дека ова село заработува 780.000 евра од паркинг, што изнесува по 1.350 евра по жител.

Затоа општинските власти речија да не наплаќаат данок на имот во селото, кој изнесува вкупно 320.000 евра, а откако одлуката ќе стапи во сила паркингот ќе го исплаќа данокот на имот. Вишокот пари ќе се искористат за обновуваше на училиштето, за парк и за медицински центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top