| четврток, 6 декември 2018 |

Славчо Поповски открива: Какво време нѐ чека неделава?

И во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок, односно aнтициклон кој опфаќа поголем дел од eвропскиот континент, времето во државава ќе биде стабилно, суво и натпросечно топло преку денот додека наутро ќе биде студено и со појава на магла по одделни котлини, прогнозира Славчо Попоски.

Ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, а ќе продолжи и релативно тивкото време.

Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Пад на температурите на воздухот се очекува од четврток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top