Долгогодишните иницијативи на Бугарија да постави плоча на, како што го нарекуваат, „апостолот на слободата на македонските Бугари“ – Гоце Делчев на местото каде што бил закопан, во село Баница, во Грција – се остварија. Бугарските медиуми информираат дека спомен-плочата е поставена по повод 110 години од смртта на Делчев и од Илинденското востание, како и 120 години од формирањето на ТМОРО.
– На местото каде што почиваат коските на војводата во селото Баница, Егејска Македонија, иницијаторите и поборниците поставија спомен-плоча. Оваа родољубива иницијатива ја поведоа група патриоти, симпатизери на неодамна обновената Илинденска организација. Плочата беше поставена на истото место каде што претходно стоела слична плоча во спомен на херојот, што беше отстранета од грчките власти во 1946 година – информира бугарската агенција „Фокус“.
Информативната агенција потсетува дека последните десетина години биле направени неколку обиди да се подигне споменик од страна на поранешниот бугарски генерален конзул во Солун, Илко Шивачев. За истото се борел и поранешниот градоначалник на Благоевград, Костадин Хаџигаев, но и други бугарски партии и организации, но сите тие останале без резултат, како што информира „Фокус“, поради неподготвеноста на официјална Грција.
– Со поставувањето спомен-плоча, јунакот конечно беше оддолжен, во духот на заедничките европски вредности и објективен поглед на блиското минато на регионот – се вели во текстот. За жал, нема фотографии од местото каде што е поставена плочата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Одбележани 115 години од смртта на Делчев: Владина делегација положи цвеќе на гробот на великанот
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Бурниот љубовен живот на Гоце Делчев – писмо од неговата тајна вереничка