Албанската опозиција бара Македонија со Устав да се грижи за Албанците во дијаспората. Како дел од амандманот 36 да го измени членот 49 од Уставот, опозициските партии бараат во ставовите 1 и 3 да се гарантира грижа на државата кон албанската дијаспората и зачувување на културно-историското наследство на Албанците во Македонија.

-Зборувам за Албанци, државјани на Македонија кои живеат во странство. Имаме силна заедници и затоа постои потреба од нови формулации, кои ќе го гарантираат нашиот право, не само кога живееме и работиме во странство, како државјани, но, исто така, моето право како Албанец, односно етничка заедница во ова општество.” – рече Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса

-Кој ќе ги брани културните вредности и културното наследство на Албанците во Македонија? Албанците овде исто така имаат важни моменти од својата историја. Да не ги набројувам сите, но тука во оваа земја се одржа Конгресот за унифицирање на модерната азбука на Албанците, односно во Битола “. – истакна Сирија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

Грижата за дијаспората, за премиерот Зоран Заев е прифатлива и вреди да се консултираат експертите, додека утврдување на етничките групи, во делот за заштита на културно-историското наследство, според првиот човек на извршната власт ја губи вредноста уставната заштита.

За грижата за македонскиот идентитет во земјата имаме гаранции и за грижата за Албанците, Србите, Турците, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Со додавање на членот за грижа за албанскиот, србскиот, ромскиот и идентитетот на другите етнички групи навистина ја губиме смислата на членот и до тука верувам дека ние треба да се разбере едни со други.” – рече премиерот Зоран Заев.

Албанската опозиција бара во првиот став од член 49 од Уставот да пишува: “Републиката ги чува, гарантира и се грижи за историското и културното наследство на македонскиот народ и на народите кои припаѓаат на етничките заедници: Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци , Влаш итн. “.

Во став три, албанската опозиција бара јасно да стои: “Републиката се грижи за припадниците на македонскиот народ и дародите кои припаѓаат на етничките заедници во Македонија а кои живеат во дијаспората, Албанци, Турци, Роми, Срби, Босанци, Власи итн” .

При разгледувањето на последниот нацрт-амандман, пратениците на ДУИ немаа забелешки за дијаспората и културното и историското наследство на Албанците во Македонја.