| четврток, 6 декември 2018 |

Митовска: На кое работно место ќе ги вработите младите кога нема инвестиции и отворање на нови работни места?

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот изјави дека со овој ребаланс Владата на СДСМ покажа дека воопшто не се грижи за младите, затоа што се кратат пари од сектори важни за младите, не се спроведе ни исполни „Младинската гаранција“ која толку многу се ветуваше.

-На кое работно место ќе ги вработите младите кога нема инвестиции и отворање на нови работни места? Поради лошите економски политики си заминуваат дел од странските компании а дел од домашните едвај опстануваат и го намалуваат бројот на вработени, вели Митовска

Таа посочи дека се вети гаранција за младите со која ќе се овозможи услови во кои младите нема да заминуваат од државата, им гарантиравте дека веднаш по завршување на образованието во рок од само 4 месеци секој млад човек ќе може да го продолжи образованието или да добие понуда за работа или пракса или обука со кои ќе се прилагоди за потребите на некои работно место, но ништо од тоа не е остварено иако поминаа речиси две години од владеењето на СДСМ, а во тие две години има само кратење.

– Има помалку 170 милиони денари за изградба и реконструкција на ученички и студентски дом, 48 милиони денари помалку за превод на книги од реномирани автори, 87 милиони се кратат од изградба и реконструкција на основни училишта, но зошто би инвестирале во училишта кога децата на функционерите на СДСМ учат во странство, потенцираше Митовска.

Таа додава дека носењето на ребаланс на буџет во средината на ноември е само уште еден показател дека оваа Влада работи неодговорно, несериозни и реално нема ни план како да продолжи со работа и што се треба да прави во следниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top