| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти предизвикаа невидена сообраќајна несреќа во Грција

rКомбе кое превезувало мигранти низ Грција се судрило со камион, при што животот го загубило четиригодишно момче од Ирак.

Во оваа несреќа се повредени 27 лица, меѓу кои и двајцата шверцери на мигранти. Возилото било со бугарски регистарски таблички и се движело со преголема брзина, за да избега од полицијата.

Двајца од повредените се здобиле со тешки телесни повреди.

Возачот на камионот не е повреден.
П

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top