| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја споделува оваа фотографија: Оваа жена не е обична домаќинка

Оваа фотографија, која на прв поглед делува обично – жена чисти прозорци. Сепак, зад неа се крие нешто многу повеќе од она што го гледаат луѓето на прв поглед.

Фотографијата што ја сподели британската полиција, а на која е прикажана жена која брише прозорец, ја кристи за да ја предупреди јавноста на модерното ропство. Оваа жена е на принудна работа и претставува роб.

Повеќето луѓе во Велика Британија веруваат дека ропството е дел од минатото, но сепак времињата се применија, а луѓето често стануваат жртви на трговија со луѓе, кои не се нужно сексуални робови.

„Дали сте виделе некој кој секогаш седи дома и чист? Или пак некој кој никогаш не излегува сам од дома? Ова би можело да биде предупредување за полицијата. Многу жртви не знаат дека се експлоатирани и вие треба да бидете нивниот глас“, пишува во пораката со која се споделува оваа фотографија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top