| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден скопјанец кај клучката Хиподром

Педесет и петгодишен скопјанец изгубил контрола над своето возили „Фолксваген кеди“ и се забил во металкна заштитна ограда на автопатот „Мајка Тереза“ во близина на клучката Хиподром.

Сообраќајната незгода се случила вчера околу 16 часот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top