| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалничката на Рим нема да оди во затвор

Италијанскиот суд ја ослободи од обвинение за лажно сведочење градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи.

Раџи е ослободена од обвиненијата за лажно сведочење во постапката за именување на повисока должност во градскиот совет , со што е избегната и можна криза во нејзината партија , владејачкото ,,Движење 5 ѕвезди”. Раџи на функцијата градоначалничка е избрана 2016 на изборите , кои тогаш беа оценети како голем пробив на нејзината партија.

40 – годишната градоначалничка беше обвинета за лажење околу својата вмешаност во кандидирањето на директорот на градскиот оддел за туризам Ренато Маро, брат на еден од нејзините клучни помошници.

Обвинителството бараше затворска казна за градоначалничката од 10 месеци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top