| четврток, 6 декември 2018 |

Поради пожарот во Калифорнија, евакуирани се Кардашијан, Лејди Гага, Алиса Милано

Многу познати личности, меѓу кои има актери, пејачи, режисери се евакуирани од своите домови поради пожарот во Калифорнија.

Позната Ким Кардашијан, актерката Алиса Милано, режисерот Гилирмо дел Торо, се само дел од познатите кои мораа да ги напуштат своите домови.

Според медиумите, меѓу куќите кои беа „проголтани” од пожарот во Калифорнија е и дом на Кијтлин Џенер, некогаш олимписки шампион и татко на познатите Кајли и Кендл Џенер, сестри на Кардашијан.

Меѓу евакуираните е и Ким Кардашијан, која има куќа во Калабасас, таа објави низа фотографии на социјалната мрежа „Инстаргам“ наведувајќи дека имала само еден час да се евакуира.

„Се молам сите да се на безбедно”, напиша таа.

Актерката Алиса Милано, исто така, е евакуирана. Како што рече таа морала во брзање да ги земе децата и да заминат, и успеала да ги евакуира и животните кои таа ги чувала во својот дом.

Пејачката Лејди Гага исто така мораше да ја напушти нејзината куќа ова утро. Гага објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа огромен чад над нејзината вила.

И актерот Орландо Блум објави фотографија од погледот од неговиот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top