| четврток, 6 декември 2018 |

Полициски службеник заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник 31-годишниот С.Ф. од Скопје, референт за моторни возила во станица за технички преглед во населба Пинтија во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

Во мај 2016 година, пријавениот од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „Фолксваген голф“. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7.272 денари за осигурителна полиса и 5.536 денари за зелена карта, но и покрај тоа што биле подготвени сите документи, тој не ги уплатил сумите, туку целиот износ го задржал за себе, се наведува во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top