| четврток, 6 декември 2018 |

Возило на брза помош што превезувало повредено дете, удрило во дива свиња

Директорот на Општата болница Велес, Димитар Стровјаноски, на својот фејсбук профил сподели информација за случка во која возило на брзата помош, кое носело дете со изгореници, удрило во дива свиња на автопат.

Во оваа незгода, немало жртви, а со лесни повреди се здобила медицинската сестра која се грижела за повреденото дете.

Медицинската сестра и момчето, со возило на итната помош од Скопје биле пренесени на Ургентниот центар.

По увидот од страна на полициска екипа, оштетеното возило било отстрането со помош на шлеп-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top