| четврток, 6 декември 2018 |

На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата, а нокаут ќе добие на следните избори

Во вечерашното гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа, претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали ВМРО – ДПМНЕ е подготвено за избори, со оглед на тоа дека се случија одредени измени во партијата.

Мицкоски одговори дека е нормално такви измени да се случуваат во одредени периоди кај една партија. Но и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко ако се случат парламентарни, па и на претседателските избори.

– На референдумот СДСМ ја доби шлаканицата, а нокаут ќе добие на следните избори, истакна лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top