| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски до власта: Да ја тргнеме димната завеса, важно е Македонија да оди напред!

Во вечерашното гостување во „Отвореното студио“ на телевизија Алфа, претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати порака до власта дека е важно Македонија да успее и да оди напред, затоа треба да седнат на иста маса и да се направат такви реформи да може да се добие точен датим за влез во ЕУ и НАТО.

-Подготвени сме како опозиција заедно со владата да седнеме на маса заедно со сите реформи за ЕУ, битно е Македонија да успее. Ќе ги ставиме сите свои капацитети човечки на располагње. На граѓаните тоа им е важно, не е важна суетата на Заев, да ја тргнеме таа димна завеса. Им стоиме на располагање за да направиме такви реформи да може Македонија да успее. Да добиеме точен датум и Македонија да тргне напред. Но не го прифаќаме овој капитулантски договор. Вице премиерот Османи дојде да запознае дел од моите пратеници со договорот 369 од мај до сега ние немаме добиено ништо ново. Нас ни важно Македонија да успее, тука сме, дајте повикајте не! Порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top