| четврток, 6 декември 2018 |

Нови казни од полицијата – За ова ќе се казнува со 500 до 2.000 евра

Новиот предлог-закон за возила, со кој ќе се воведе еколошка категоризација на возилата, односно нивно означување со налепници со зелена, жолта и црвена боја во зависност од тоа колку загадуваат, предвидува и казна од 500 евра ако приватното возило нема налепница. Ако пак станува збор за фирма, казната ќе биде 2.000 евра.

Тоа е утврдено со членот 9 од предлог законот, со кој се менува членот 26 на постоечкиот закон, со кој се исфрла регистрациска налепница и таа се заменува со новата еколошка налепница. Според одредбите од член 26 казната за возење нерегистрирано возило и неносење регистрациска налепница за приватно возило е 500 евра, а бидејќи со новиот закон таа ќе биде заменета со еколошката налепница, казната во тој износ останува. Но, ако од истекот на регистрацијата поминале помалку од 30 денови, казната е 100 евра. За возила на фирми, казните за возење без еколошка налепница ќе бидат 2.000 евра.

Дополнително, предлагачот на новиот закон, Министерството за економија, пресметало дека субвенциите од 5.000 евра за ново електрично возило, односно 3.000 евра за ново хибридно возило, ќе одлеат од државниот буџет 170 милиони денари во 2019 година, 245 милиони денари во 2020 година и 320 милиони денари во 2021 година.

Предлог-законот вклучува и проширување на обемот на податоци за возилата што ќе се внесуваат во Регистарот на возила, а голем новитет е и фактот дека техничкиот преглед на автомобилите ќе трае најмалку 15 минути, а на товарни возила и автобуси, најмалку 25 минути.

Целта на измените е да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата.

Предлог-законот предвидува и субвенции од 5.000 евра за секое купено електрично возило, а 3.000 евра за купено хибридно возило. Во првата година по стапувањето на законот ќе се доделат вкупно 200 такви субвенции.

Исто така, ќе се субвенционира вградувањето на уреди на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, односно метан, и тоа најмногу 50 отсто од трошоците за набавка и вградување на уредот, но најмногу до 300 евра по возило. Во првата година се планираат 1.200 такви субвенции.

скопје24.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top