| четврток, 6 декември 2018 |

Не примаат плата а имаат милиони: Како заработуваат Вилијам, Кејт, Хари и Меган

Британското кралско семејство е едно од најбогатите на светот, а кралицата Елизабета е во врвот на најбогатите монарси во денешно време. Сепак, принцовите и принцезите кои не се директни наследници на круната мораат нешто и да работат.

На пример, иако ѝ се внуки на кралицата, принцезите Беатрис и Евгенија имаат вообичаена работа. Беатрис работи во една софтверска фирма која неодамна ја промовираше во Лисабон каде што се дружеше со Јелена Ѓоковиќ. Принцезата Евгенија пак е директорка на уметничка галерија.

Поблиските наследници на круната се вработени во кралската палата и нивниот живот е сосема различен од оној на Беатрис и на Евгенија. Принцовите Чарлс, Вилијам, Хари и нивните сопруги се „кралски вработени“ и нивната задача е промоција на кралството. Од кралицата Елизабета, доделени им се бројни задачи, како обоиколка на хуманитарни настани, отварање на училишта и општо, прошетка по целата земја за да им се доближат на „обичните“ луѓе.

Нивните патувања, облека и останатите трошоци делумно ги покриваат даночните обврзници. Вилијам и Хари и имаат и наследство одпокојната мајка, Дијана. Од ноември лани, дел од нив е и Меган Маркл. Поранешната актерка, освен од даночните обврзници сѐ уште заработува свои сопствени пари. Иако се откажа од актерската кариера, нејзините сцени уште се прикажуваат и парите ѝ легнуваат на сметка. Пред да се омажи, ја продаде куќата во Канада вредна 1,6 милиони долари.

Иако многумина ги нарекуваат паразити, британските принцови и принцези и тоа како ѝ прават добивка на својата земја. Некои анкети покажуваат дека кралското семејство е еден од најважните брендови на Велика Британија, и дека имаат големо влијание на туризмот. На пример, венчавањето на Хари и на Меган, на Велика Британија ѝ донесе приход од 500 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top