Жена која била оперирана поради болки во грбот, излегла од болница без бубег, откако по грешка ѝ го извадиле мислејќи дека е тумор. Морин Пачеко поднела тужба поради грешката на докторот Рамон Васкез, кој ја извршил операцијата на 51-годишната жена во болницата во Флорида.
Хирургот донел одлука да го отстрани она што мислел дека е канцероген тумор, по што било утврдено дека се работи за карличен бубрег, кој е функционален орган. Инцидентот се случило во април 2016 година.
Д-р Васкес вели дека регионалниот медицински центар во Велингтон не го информирал дека Пачеко имала пелвичен бубрег. Пред инцидентот, докторот имал беспрекорен запис.
Според неговиот адвокат Марк Мителмарк, случајот е решен во негово име за “номинален износ”, а докторот не признал одговорност при приемот на решението.
Во периодот меѓу април и септември оваа година во САД биле забележани 96 инциденти на погрешно извршена хируршка интервенција, вклучително и биопсијата на погрешни гради, јајници отстранети по грешка и отстранувањето на погрешната страна на дебелото црево на пациент.
За да се спречат ваквите инциденти болници треба да ги спроведат процедурите, како што е јасно означување на делот од телото на кое треба да се работи, тоа мора да се следи за да се спречи човечката грешка да има катастрофални ефекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст