| четврток, 6 декември 2018 |

Со физибилити студијата ќе се испита можноста за правење на јавно приватно партнерство

„Тендерот кој е распишан од страна на Министерството за здравство е отворен на 3.11.2018 година и прибирањето на понудите трае до 14.11.2018 година. Оваа набавка се однесува на прибирање понуда за изработка на физибилити студија и анализа на можности и капацитети на услугата „Брза помош“ и „Домашна посета“. Физибилити студијата треба да покаже дали воопшто е можен овој модел на јавно приватно партнерство, кој функционира и во други земји, да функционира и кај нас“ соопштија од Министерството за здравство.

Министерството за здравство по добиените резултати од анализата ќе организира јавна дебата, на која ќе бидат презентирани резултатите и заедно со стручната јавност ќе се донесе најдоброто решение по однос на ова прашање.

„Јавното здравство во изминатите години покажа слаби резултати во менаџирање на итната медицинска помош. Затоа, сега бараме начини како да ја подобриме состојбата и да понудиме подобри услови за граѓаните“, додаваат од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top