| четврток, 6 декември 2018 |

Машина му ја повлекла раката: Маж од Кочани повреден на работа, итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 20 часот во Полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г. (61) од Кочани. Тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката.

По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top