| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд го поништи референдумот во Гевгелија и дозволи изградба на рудници

На 07.11.2018 година, Уставниот суд на РМ ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА.
Канадската компанија „Ресервоар минералс“ поднесе барање да преиспита уставноста на одлуката на советот на Општина Гевгелија, а Уставниот суд во експресна постапка го прифати нивното барање и ја поништи одлуката.

Од иницијаторите на референдумот до Уставниот суд било доставено образложение во кое на 18 страници, детално се цитирани сите членови на Уставот на РМ и законите на РМ, според кои недвосмислено и изричитоо е наведено дека за оваа прашање одлучуваат граѓаните на локално ниво.

„Уставните судии го погазија и Уставот на РМ и законите на РМ и донесоа срамна одлука поради која ќе мораат сите да си дадат неотповикливи оставки. Девет уставни судии ја запечатија судбината на 500.000 граѓани од југоистокот“- велат од иницијативниот одбор.

„Уставниот суд го наруши суверенитетот на граѓаните на Македонија, заради бизнис интереси на странска компанија. Уставниот суд се стави на страна на оние кои планираат од Македонија да направат пустелија, да направат геноцид на над 500.000 граѓани.

Ние им порачуваме на сите домашни и странски платеници, кои наумиле да отвораат рудници и да ја уништат нашата татковина, дека ние немаме друга татковина. Затоа ќе се бориме против тоа“-се вели во реакцијата на иницијаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top