УЕФА сериозно размислува да го забрза на воведувањето на ВАР-технологија на натпреварите од Лигата на шампионите, по огромниот кикс на судијата Виктор Касаи и подарениот пенал на Манчестер сити откако Рахим Стерлинг самиот се сопна, а тој сепак покажа на белата точка.
Извршниот Одбор на УЕФА донесе одлука ВАР да биде воведен во ЛШ од почетокот на сезоната 2019/2020, но сегашниот претседател Чеферин сериозно размислува технологијата да се воведе од почетокот на нокаут фазата, од февруари 2019 година.
Чеферин и соработниците сметаат дека целата работа може да се забрза меѓу другото и бидејќи од февруари во ЛШ ќе се играат најмногу по четири натпревари секоја седмица, а УЕФА би имала доволно квалитетни и максимално подготвени судии за да ги покрие овие средби.
Оваа одлука би можела да се донесе на почетокот на декември, за кога е закажана следната седница на Извршниот одбор на УЕФА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст