| четврток, 6 декември 2018 |

Светскиот ден на дијабетесот ќе се одбележи со пешачење на Кејот на Вардар

На 14 ноември се одбележува Светскиот ден на дијабетесот чие мото  годинава е „Дијабетесот го засега секое семејство“.

– Со цел да бидеме дел од светското одбележување на денот на дијабетесот, Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, организираат рекреациона активност (пешачење) на кејот на реката Вардар на 11.11.2018 – недела. Настанот започнува во 11.30 часот на стазата на кејот на Вардар, на ниво на „Жабарот“.
Организирано е мерење на гликемии (шеќер во крвта) пред и после пешачењто, за да се потенцира важноста на физичката активност и само-контролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот. Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот (на македонски и албански јазик) и маичка за секој учесник – вели Ас. д-р Саша Јовановска Мишевска, в.д. Директор на ЈЗУ УК за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања

Од Клиниката ги повикуваат сите заинтересирани да дојдат и заедно се одбележи овој ден, со цел да се зголеми  свесноста за дијабетесот во Македонија. Поканата е до сите лица со дијабетес, сите кои имаат член на фамилијата со дијабетес и сите кои сакаат да бидат дел од овој настан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top