| четврток, 6 декември 2018 |

Парична казна за воспитувачката и двете негувателки од „Буба мара“ кои го плашеа детето дека ќе го затворат во шкаф

Воспитувачка и две негувателки од градинката „Буба мара“ во Ново Лисиче, кои минатиот месец беа обвинети од страна на мајка дека нејзиното тригодишно девојче било малтретирано и плашено дека ќе биде затворано во шкаф, се казнети со парична казна, објави „Деца.мк“.

Директорката на градинката, Елена Устамитова, испратила соопштение во кое се вели:
„По спроведување на дисциплинската постапка (земање изјави од обвинетите, увид во изјавите дадени од родителите на другите деца од групата, нормите утврдени во Протоколот за постапување во случај на настанат инцидент во градинката и член 148 од Законот за заштита на децата) констатирано е дека именуваните сториле повреда според Законот за заштита на деца и член 4 од Протоколот на градинката, за што им е изречена дисциплинска мерка – парична казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top