| четврток, 6 декември 2018 |

Родителите ја бараа цела недела: 15-годишната Викторија која се водеше за исчезната се вратила дома

Петнаесетгодишната Викторија Настевска од селото Суводол се вратила дома, соопшти полицијата.

Мајката на девојчето вчера во полициската станица пријавила дека таа е на безбедно.

Родителите една недела ја бараа Викторија, а јавноста споделуваше фотографии, по веста дека таа последен пат била видена минатиот петок пред средното медицинско училиште во Битола каде што учи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top