| четврток, 6 декември 2018 |

Предлогот за одземање на мандатот на Груевски на собраниска седница

Предлогот за одземање на мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е на дневен ред на денешната пленарна седница во Собранието.

Завчера со пет гласа „за“, односно мнозинство гласови, Комисијата за мандатно-имунитетни прашања во Собранието констатира дека ќе поднесе извештај до Собранието со заклучок за одземање на пратеничкиот мандат на експремиерот.

Според деловникот, Собранието ќе треба да го разгледа барањето на првата наредна пленарна седница. Мандатот на Груевски е последна, 20. точка, на дневниот ред.

Но сè поизвесно е дека предлогот нема да помине на седницата со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство, а осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно соопштија дека нема да гласаат „за“ одземање на неговиот мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top