| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Милан ја пријавил Северина за семејно насилство, причината е оваа порака

Борба за рамноправно старателство на Александар Поповиќ, син на хрватската пеачка Северина и кралот на бакарот Милан Поповиќ продолжува и добива нови филмски заплети. Бизнисменот повторно морал да реагира.
Поповиќ, наводно ја пријавил пеачката во Центар за социјални работи во Загреб за насилство во семејството. Поточно, адвокатскиот тим на Милан им ги предочиле во Центарот за социјална работа нвредите (!?) на Северина, која ги изнела на сметка на татакото на своето дете и со тоа извршила семејно насилство.

Причината за оваа пријава е поради мејлот кој Северина го испратила на Милан, во кој бизнисменот го нарекла: глупак, нездрав човек кој мора да се лечи на психијатар, психопат, го***р, гад, лузер, манијак, криминалец…

Сето ова е дополнето со нејзините обвиненија и закани со полиција дека тој е виновен за излегување на нејзините експлицитни слики.

Ова било капка која ја прелела чашата за Поповиќ па одлучил законски да се заштити, не само себе, туку и синот бидејќи се плашел во какво опкружување расте особено поради неконтролирано однесување на мајката.
Милан бара од Центар за социјална работа до органите за ред во надлежната полициска станица го предочи неговото барање и заштита од насилство во семејство кое го спроведува мајката на неговото дете со барање да биде санкционирана.
Инаку адвокатот на Милан Поповиќ ги предупредува надлежните да обрнат внимание на тоа Северина и понатаму не го прифаќа фактот дека таа и нејзиниот бивш маж се рамноправни родители на синот Александар, и не воспоставува минимална родителска комуникација која е во интерес на детето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top